Бюлетин

„Бюлетин“ е периодично издание на Друштвото на македонската емиграција во Пловдив, кое излегувало од 29 јануари до 2 јули 1922 година. Во 16-те броја се објавувани реферати, резолуции, хроники и прилози за активностите на македонската емиграција, нејзиниот културен живот, како и за материјалната и социјалната положба на македонските бегалци во Бугарија.