Брегалница
„Брегалница: службени лист Обласног одбора брегалничке области“ е службен весник што излегувал во Штип во периодот 1928–1929 година. Го издавал Обласниот одбор на Брегалничката област. Весникот е на српски јазик и претставува значаен историски извор за административниот и општествениот живот во Брегалничката област во периодот меѓу двете светски војни.