2. серија Статии и прилози (2017)

2. серија – Статии и прилози содржи составни делови објавени во сериски и во
дел од монографски публикации. Има селективен карактер и се публикува во четири
свески годишно. Селекцијата се врши на две нивоа. Прва селекција се врши при
избор на наслови на сериски и монографски публикации за изворници и втора при
избор на статии и прилози од селектираните изворници. Целосно се застапуваат
статиите и прилозите од научните и стручни списанија, селективно од научно-
популарните списанија. Содржи корпус од библиографски единици подредени
според стручните групи на УДК и регистар на наслови, авторски регистар
(кириличен и латиничен), предметен регистар и регистар на библиографски извори.