Врз основа на членот 24 од Правилникот за членување и користење на услуги во националната библиотека со архивски број 02-33/1 од 18.01.2024 година
Изјавувам дека ќе ги користам дигиталните објекти достапни на www.vesnici.mk согласно одредбите од Законот за авторското право и сродните права и другите позитивни законски регулативи.
Се обврзувам дека при секое објавување публикација, во печатена и електронска форма, во која се користени материјали од дигиталниот фонд на www.vesnici.mk ќе доставам примерок до Библиотеката и ќе наведам целосни библиографски податоци за изворот и неговата локација.
Со оваа изјава, под полна материјална и кривична одговорност, потврдувам дека ќе ги почитувам наведените услови, а споровите произлезени од непочитувањето на оваа изјава ќе се решаваат преку надлежниот суд.