Услови за користење

Последно ажурирање: 15 јули 2026 година

1. Општи одредби

Овие Услови за користење го уредуваат пристапот и користењето на интернет-платформата vesnici.mk (во натамошниот текст: „платформата“), со која управува Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје (во натамошниот текст: „Библиотеката“). Со пристапувањето кон платформата и нејзиното користење ги прифаќате овие Услови во целост. Доколку не се согласувате со нив, ве молиме да не ја користите платформата.

2. Опис на услугата

Платформата е специјализиран дигитален сервис за презентација на ретки весници и списанија од фондот на Библиотеката. Дигитализираните изданија се прегледуваат исклучиво во прелистувач, преку вградениот прегледувач на платформата. Пристапот до одделни содржини е овозможен само за регистрирани корисници со одобрен профил, а за одделни содржини може да биде условен со претплата.

Платформата во моментов е во пробна фаза — содржините и функционалностите постојано се дополнуваат, поради што се можни повремени измени и прекини во работата.

3. Регистрација и кориснички профил

  • За регистрација е потребно да сте активен член на Библиотеката, согласно Правилникот за членување и користење услуги во националната библиотека (арх. бр. 02-33/1 од 18.01.2024 година).
  • При регистрацијата сте должни да наведете точни и целосни податоци, вклучително валиден број на членска карта. Профилот се активира по проверка и одобрување од страна на Библиотеката.
  • Корисничкиот профил е личен и непренослив; не смее да се отстапува ниту да се споделува со трети лица.
  • Одговорни сте за чување на доверливоста на вашата лозинка и за сите активности извршени преку вашиот профил.

4. Изјава за користење дигитални објекти

Услов за регистрација е прифаќање на Изјавата за користење дигитални објекти, донесена врз основа на членот 24 од Правилникот за членување и користење услуги во националната библиотека. Со прифаќањето на Изјавата се обврзувате:

  • дигиталните објекти достапни на платформата да ги користите согласно одредбите од Законот за авторското право и сродните права и другите позитивни законски прописи;
  • при секое објавување публикација, во печатена или електронска форма, во која се користени материјали од дигиталниот фонд на платформата, да доставите примерок до Библиотеката и да наведете целосни библиографски податоци за изворот и неговата локација;
  • наведените услови да ги почитувате под полна материјална и кривична одговорност; споровите произлезени од непочитување на Изјавата се решаваат пред надлежниот суд.

5. Дозволена и забранета употреба

Содржините на платформата се наменети за лични, образовни и научноистражувачки цели. Не е дозволено:

  • преземање, копирање, репродукција или натамошна дистрибуција на дигиталните изданија надвор од рамките дозволени со закон и со Изјавата;
  • заобиколување или обид за заобиколување на техничките мерки за заштита на содржините;
  • автоматизирано, масовно преземање содржини или преоптоварување на платформата;
  • користење на платформата на начин што ја попречува нејзината работа или им го оневозможува користењето на другите корисници.

6. Интелектуална сопственост

Дигитализираните изданија се дел од фондот на Библиотеката и се заштитени согласно Законот за авторското право и сродните права. Сите права што не се изречно доделени со овие Услови остануваат на Библиотеката, односно на носителите на соодветните права.

7. Претплата и плаќања

Пристапот до одделни содржини може да биде условен со претплата. Видовите претплата и цените се објавени на платформата. Доколку биде овозможено онлајн плаќање, тоа ќе се извршува преку овластена банка, односно платежен процесор; платформата нема пристап до податоците од платежните картички.

8. Достапност и одговорност

Содржините се објавуваат во состојбата во која се („такви какви што се“). Станува збор за историски материјали, па нивниот квалитет и читливост зависат од состојбата на изворните примероци. Библиотеката вложува разумни напори платформата да биде постојано достапна, но не гарантира непрекината работа и го задржува правото на привремени прекини заради одржување и надградба. Библиотеката не одговара за штета настаната од користењето или од неможноста за користење на платформата, освен кога поинаку е определено со закон.

9. Ограничување и укинување на профилот

Во случај на прекршување на овие Услови, а особено на обврските преземени со Изјавата за користење дигитални објекти, Библиотеката може привремено да го ограничи или трајно да го укине корисничкиот профил, без притоа да се исклучи одговорноста на корисникот согласно закон.

10. Заштита на личните податоци

Обработката на личните податоци на корисниците е уредена со Политиката за приватност, која е составен дел на овие Услови.

11. Измени на Условите

Библиотеката го задржува правото да ги изменува овие Услови. Важечката верзија е секогаш објавена на оваа страница, со назначен датум на последното ажурирање. Продолженото користење на платформата по објавувањето на измените се смета за нивно прифаќање.

12. Применливо право и надлежност

За овие Услови се применува правото на Република Северна Македонија. За споровите што нема да се решат спогодбено, надлежен е стварно надлежниот суд во Скопје.

13. Контакт

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566, Скопје
Е-пошта: vesnici@nubsk.edu.mk