1. серија Монографски публикации (2015)

1. серија – Монографски публикации ја опфаќаат целокупната едногодишна
издавачка продукција на монографски публикации издадена во нашата држава
доставени како македонски задолжителен примерок во НУ НУБ „Св. Климент
Охридски“ – Скопје. Излегува во две свески годишно, во кои без селекција се
вклучуваат сите монорафски публикации. Содржи корпус од библиографски единици подредени според стручните групи на УДК и регистар на наслови, авторски регистар (кириличен и латиничен), предметен регистар, регистар на ИСБН, регистар на издавачи и регистар на печатници.